Оваа Политика за приватност и колачиња се однесува на веб-страниците, онлајн функциите, публицитетот и центарот со средства („Содржини“) на Sony Pictures Entertainment (оддел на Sony Corporation) коишто содржат врски до оваа Политика за приватност и колачиња („Политика“) („Услуга“). Услугата е насочена кон нашите деловни партнери и потенцијални деловни партнери и не е наменета за потрошувачи. Во оваа Политика, користиме „SPE“ или „ние“, „нас“ и „наш“ кога мислиме на ентитетите на Sony Pictures Entertainment. Исто така, во оваа Политика може да дознаете повеќе за колачињата и сличната технологија што ги користиме.

КЛУЧНИ ТОЧКИ
  • Користиме лични податоци за да ви дозволиме да ги користите функциите во Содржините, да ја обработиме вашата регистрација и да ви ги обезбедиме бараните Содржини поврзани со нашите филмови, ТВ-серии, ДВД-изданија, игри и други понуди. Кликнете тука за да дознаете повеќе.
  • Користиме колачиња и други технологии за следење за да ги персонализираме Содржините и да направиме да функционираат подобро. За да дознаете како ги користиме технологиите за следење кликнете тука.
  • Вашите лични податоци може да ги пренесеме во Соединетите Американски Држави. Ги користиме одобрените стандардни договорни клаузули на Европската комисија за заштита на вашите лични податоци. Кликнете тука за да дознаете повеќе.
  1. КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ

    Користиме лични податоци собрани преку нашите Содржини:

    (1) За да исполниме договорни обврски или да преземеме чекори поврзани со договор:

    1. а. за да ја обработиме вашата регистрација на Услугата
    2. б. за да ви обезбедиме пристап до Содржините и функциите во Услугата
    3. в. за да ви испраќаме информации за промените на нашите услови или политики

    (2) Кога ова е неопходно за цели што се во наш легитимен интерес или во интерес на трети страни. Овие интереси се:

    1. а. за да ви ги испраќаме информациите што сте ги побарале
    2. б. за да ја обезбедиме сигурноста на Услугата со спречување неовластени и злонамерни активности
    3. в. за да ја спроведеме усогласеноста со нашите Услови на користење и со другите политики и да им помогнеме на другите организации (како сопствениците на авторски права) да ги спроведат своите права
    4. д. за да ги приспособиме Содржините за вас.

    (3) Кога ни давате согласност:

    1. а. кога ни давате согласност да ставаме колачиња и да користиме слични технологии
    2. б. во други случаи кога бараме ваша согласност за цел којашто ја објаснуваме тогаш.

    (4) За цели што се побаруваат со закон:

    1. а. како одговор на барања од страна на владата или законските власти што спроведуваат истрага.

    Ги задржуваме личните податоци сѐ додека имате пристап до Содржините и во рок од 8 години.

    СПЕ“ не „продава“ (како што е дефиниран изразот „продава“ според Законот на Калифорнија за заштита на приватност на потрошувачите) (ЗКЗПП) „лични податоци“ (како што е дефинирано според ЗКЗПП) собрани од жителите на Калифорнија кои се вработени, сопственици, директори, службеници, или изведувачи и фирми, партнерства, или други трети страни кои пружаат или примаат производи или услуги на или од СПЕ. 1 јануари 2020 година

  2. КОЛАЧИЊА И СЛИЧНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ

    Колачињата и сличните технологии за следење ни овозможуваат да ве препознаеме кога посетувате веб-страница или апликација или кога отворате е-пошта – тие имаат различни функции, како на пример, ви овозможуваат лесно движење низ страниците, ги запомнуваат вашите претпочитања и генерално го подобруваат вашето искуство.

    Користиме технологии за следење за две цели:

    1. А. за да ви ја обезбедиме услугата што сте ја побарале: на пример, да ве задржиме најавени за време на посетата и да обезбедиме сигурност на Содржините.
    2. Б. за да го анализираме и подобриме вашето искуство: за да анализираме кои Содржини се најпопуларни и најпосетувани, а кои се со најмалку посети и за да добиеме општи информации за корисниците на Содржините. Исто така, проверуваме дали има проблеми и грешки во Содржините и ги запомнуваме изборите што сте ги направиле, како јазикот или регионот, за да го подобриме и персонализираме вашето искуство. Користиме аналитички услуги обезбедени од Adobe и/или Google за да ни помогнат со тоа. Ако не сакате да ги користиме информациите за вашите посети на овој начин, кликнете тука за Adobe и тука за Google за да се одрегистрирате од нивните услуги.

    Како да управувате со технологиите за следење

    Ако ги користите нашите Содржини преку прегледувач, може да управувате со претпочитањата за колачиња и да ја повлечете вашата согласност во секое време со помош на Алатката за согласност за колачиња.

    Покрај тоа:

    • менито за Помош на лентата за мени на повеќето прегледувачи ви кажува како да го спречите прегледувачот да прифаќа нови колачиња, како да ги избришете старите колачиња, како да ве известува прегледувачот кога ќе примите ново колаче и како целосно да ги оневозможите колачињата
    • може да се откажете од анализа како што е опишано погоре.

    Користиме Flash-колачиња за да обезбедиме дел од Содржините како видео-клипови или анимации. Со Flash-колачињата се управува преку управникот на поставки за Flash Player којшто е различен интерфејс од оној што ви го обезбедува вашиот прегледувач. Овој управник на поставки ви овозможува да управувате со глобалните поставки за приватност, поставките за складирање, безбедносните поставки и поставките за автоматско известување. Почнувајќи од верзијата Flash Player 10.3, до Управникот на поставки за Flash Player може да се пристапи на вашиот компјутер: во Контролната табла на Windows и во Системски претпочитани вредности на Mac. Корисниците на други оперативни системи и претходни верзии на Flash Player треба да управуваат со своите глобални поставки за приватност со помош на Управникот на поставки за Flash Player којшто го обезбедува Adobe на интернет:http://www.macromedia.com/support/documentation/en/flashplayer/help/settings_manager06.html.

    Поставките на вашиот прегледувач може да ви дозволуваат автоматско емитување на сигналот „Не следи“ на услугите што ги посетувате на интернет. Сепак, имајте предвид дека не постои консензус меѓу учесниците од индустријата за значењето на „Не следи“ во овој контекст. Како и многу услуги на интернет, во моментов ние не ги менуваме нашите практики кога ќе добиеме сигнал „Не следи“ од прегледувачот на посетител.

  3. КАКО ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    Споделуваме податоци со трети страни кои изведуваат функции во наше име, како што се хостинг или работа со нашата Услуга, испраќање е-пораки и изведување анализа на податоци.

    Ги споделуваме вашите лични податоци со други SPE-ентитети, коишто се вклучени во обработката на вашите податоци за целите наведени во делот 1 погоре. Кога давате дозвола преку процесот на регистрација или алатката за согласност за колачиња, исто така, ги споделуваме вашите лични податоци со други соработници на Sony Corporation за да ги користат за целите на директен маркетинг.

    SPE или неговите средства, вклучувајќи ги Содржините, може да се продадат или може да настанат други трансакции. при коишто, вашите лични податоци може да се сметаат како едни од средствата на трансакцијата. Во тој случај, вашите лични податоци и другите податоци може да се пренесат како дел од трансакцијата или за време на процесот на истрага.

    Споделуваме информации со властите и органите за спроведување на законот и со други страни кои се вклучени во или разгледуваат правни процеси за почитување на законската обврска, кога веруваме со добра намера дека законот го бара тоа или кога е неопходно за нас или за третите страни да ги заштитиме нашите/нивните права, сопственост, безбедност или сигурност.

  4. ПРЕНОС

    Нашата Услуга се хостира и функционира во Соединетите Американски Држави. Вашите лични податоци ќе се пренесуваат и обработуваат во Соединетите Американски Држави каде што законите за приватност може да не обезбедуваат исто ниво на заштита како оние во вашата земја. Ги користиме стандардните договорни клаузули одобрени од Европската комисија за заштита на вашите лични податоци. Ако сакате копија од нив или имате други прашања, контактирајте со нас. Дополнително, ако се регистрирате кај нас, бараме ваша согласност за пренос на вашите информации во Соединетите Американски Држави.

  5. МЕНУВАЊЕ ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, КОНТРОЛИРАЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ ЗА МАРКЕТИНГ, ДРУГИ ПРАШАЊА ЗА ПРИВАТНОСТА И ПРАВА НА ПРИВАТНОСТ

    Имате право да пристапувате до вашите лични податоци и, ако е потребно, да побарате нивно менување, бришење или ограничување. Исто така, може да ни побарате да ви обезбедиме некои типови лични податоци или да ги дадеме на друга организација што вие ќе ја одредите, во структуриран формат што се чита на компјутер.

    Контролорот на вашите лични податоци е Sony Pictures Entertainment, Inc., а негов претставник во Европската унија е Columbia Pictures Corporate Limited. Нивните детали за контакт се следниве:

    Sony Pictures Entertainment Inc. (10202 W. Washington Boulevard, Los Angeles, California, 90232 USA) е компанијата што е одговорна за веб-страницата; сепак,

    Контролор на податоци
    Sony Pictures Entertainment Inc.
    10202 W. Washington Boulevard
    Los Angeles, California, 90232
    Соединети Американски Држави

    Претставник во ЕУ
    Columbia Pictures Corporation Limited
    Sony Pictures Europe House
    25 Golden Square
    London W1F 9LU
    Обединето Кралство

    За повеќе детали, прашања во врска со приватноста или ако сакате да не добивате директен маркетинг, контактирајте со нас по е-пошта на SPEB2B_Privacy@spe.sony.com или пишете ни на соодветната адреса погоре. Исто така, имате право да поднесете жалба кај надлежните власти за заштита на податоците во земјата каде што живеете, работите или каде што сметате дека настанало прекршување на заштитата на податоците, иако се надеваме дека ќе можеме да ви помогнеме со кои било прашања или грижи што можеби ги имате за нашето користење на вашите лични податоци.

  6. ПРОМЕНИ НА ОВАА ПОЛИТИКА

    Го задржуваме правото да ги промениме условите на оваа Политика за приватност и колачиња во секое време, со навремено објавување на известувањето за промените на Услугата колку што дозволува законот, и овие промени ќе важат од моментот на објавување.

    Датум на стапување на сила: оваа Политика за приватност и колачиња е ажурирана на 25 мај 2018 година и е на сила од тој датум.